Папките се неизоставен дел од деловната комуникација и претставување. Тие не само што овозможуваат уредно организирање на документи, туку исто така го зајакнуваат имиџот на вашиот бренд. Нудиме изработка на висококвалитетни брендирани папки што го комбинираат професионалниот изглед со практична функционалност.
Нашиот тим ви помага да креирате папки кои совршено се вклопуваат со вашиот визуелен идентитет – од изборот на дизајн и материјал до завршната обработка. Без разлика дали ви требаат класични корпоративни папки, папки за презентации, или специјални папки за настани и промоции, ние обезбедуваме решенија прилагодени на вашите специфични потреби.
Со внимателен избор на хартија, печат со висок квалитет и дополнителни детали како ламинирање и специјални ефекти, вашите папки ќе остават впечаток на професионалност уште при првиот контакт со клиентите и партнерите.
Нашиот тим од над 50 експерти ја комбинира традицијата со најновите технологии за да ви обезбеди печатење со врвен квалитет.
Формати:
• Стандарден формат: A4 (210 × 297 мм)
• Други формати: A5, B5 или прилагодени димензии според нарачка.
Материјали:
• Кредна хартија (350g – 400g) – За стабилност и висок квалитет
• Луксузен картон (400g+) – За премиум папки со дополнителна цврстина
• Еко-хартија – Одржлив избор за еколошки брендови
Печатење:
• Еднострано или двострано печатење
• Целосен печат во внатрешноста за брендирана содржина
Типови на папки:
• Папки со еден или два внатрешни џебови
• Папки со прорез за визит-карта
• Папки со затворање (копче, еластична лента)
• Специјални презентациски папки со дополителни прегради
Завршна обработка:
• Мат или сјајна ламинација – За дополнителна заштита и професионален изглед
• УВ лак (Spot UV) – За акцентирање на лого или дел од дизајнот
• Златотис или сребротис – За луксузен и впечатлив ефект
• Втиснување (Emboss/Deboss) – За дополнителен тактилен ефект
Без разлика дали ви треба мало пакување за ексклузивни производи или големотиражно индустриско пакување, ние ви нудиме комплетно решение за дизајн, печат и производство на кутии. Контактирајте нè и креирајте пакување кое остава впечаток!