Доработката е последниот, но клучен чекор во процесот на печатење, каде што вашиот производ добива финален изглед и функционалност. Без разлика дали станува збор за отсекување, ламинирање, поврзување или специјални ефекти, нашите најсовремени машини гарантираат врвна завршна обработка.
Современа технологија за совршен резултат
Опремени сме со напредна технологија за финална обработка на печатените материјали.
Нашиот тим за доработка работи со широк спектар на техники за да го усоврши секој детаљ од вашиот производ. Нудиме спојување, шиење, тврда и мека повез, UV лак ефекти, златотиск, сребротиск и многу повеќе. Без разлика дали се работи за книги, брошури, пакувања или рекламни материјали, секој производ е обработен со максимална прецизност и квалитет.
Крајниот резултат е професионален, издржлив и подготвен за користење. Со нашата напредна доработка, вашите печатени материјали ќе остават силен впечаток и ќе бидат совршено завршени – секојпат!
Нашите услуги
Од идеја и графичко решение до готов производ - се на едно место. Нашиот искусен и стручен тим ги нуди следните услуги:
ИДЕЈА И ПОНУДА
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.