Нашиот тим од искусни професионалци работи со најсовремена опрема за да го извлече најдобриот можен печат, осигурувајќи прецизност во секој отпечатен примерок. Без разлика дали ви е потребна мат, сјајна, рециклирана или специјална хартија, ние ви нудиме широк спектар на опции за завршна обработка.
Со офсет печатот добивате економично и квалитетно решение за големи тиражи, со совршен баланс помеѓу деталноста, боите и издржливоста. Вашиот проект е во сигурни раце – подготвен за печат со врвен квалитет!
Офсет печат
Офсет печатот е идеален избор кога ви требаат високи тиражи со беспрекорен квалитет. Со оваа техника добивате јасни детали, живописни бои и долготраен изглед на вашиот материјал. Погоден е за различни типови на печатени производи, вклучувајќи книги, брошури, каталози, амбалажа, постери и многу повеќе.
Големи тиражи, беспрекорен квалитет
Со нашата модерна опрема, можеме да испечатиме стотици илјади примероци месечно, одржувајќи висок квалитет и ефикасност.
Доверба преку квалитет
Нашиот печат ги исполнува највисоките стандарди, а задоволството на клиентите е наша најголема мотивација.
Нашите услуги
Од идеја и графичко решение до готов производ - се на едно место. Нашиот искусен и стручен тим ги нуди следните услуги:
ИДЕЈА И ПОНУДА
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.