Вашата идеја е наша мисија – од првиот концепт до финалниот отпечатен производ, работиме со вас на секој чекор за да го обезбедиме најдобриот дизајн, висококвалитетен печат и беспрекорна завршна обработка. Нашата цел е да го претвориме вашиот проект во вистинско ремек-дело, со внимание на секој детаљ и максимална посветеност. Заедно до совршен резултат!
Идеја и понуда
Нашите услуги
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим од дизајнери е тука да ви понуди идејно графичко решение и да ви изработи техничка подготовка на решението што сте го одбрале за печат.
Нашиот тим од искусни печатари е тука за да го извлече најдобриот печат и да ви даде врвен колоритет на вашиот производ
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.
