За секоја ваша идеја, стои тим од искусни дизајнери и технички експерти кои ќе ви помогнат да ја реализирате визијата. Работиме во тесна соработка со вас, нудејќи персонализирани решенија кои го одразуваат вашиот бренд и порака. Нашата посветеност на деталите гарантира дека секој елемент – од боите и типографијата до распоредот и завршниот финиш – е усогласен со највисоките стандарди.
Конечниот дизајн не само што изгледа одлично, туку е и целосно подготвен за печат. Благодарение на нашата прецизна техничка подготовка, финалниот фајл е оптимизиран за беспрекорен печат, без ризик од грешки. Со нас, добивате професионален дизајн кој е веднаш спремен да се трансформира во висококвалитетен печатен производ.
Графички дизајн
Квалитетниот дизајн е клучен за успешна визуелна комуникација, а ние сме тука да го направиме процесот едноставен и ефикасен. Нашата услуга вклучува креативно осмислување, обликување и техничка подготовка на вашите идеи, овозможувајќи им да оживеат преку професионален графички дизајн. Без разлика дали ви требаат логотипи, амбалажа, каталози, постери или друг печатен материјал, ние ги комбинираме креативноста и технологијата за да ви испорачаме совршен резултат.
Знаеме дека времето е клучно! Нашиот тим гарантира навремена испорака без компромиси во квалитетот, овозможувајќи ви непречено да ги реализирате вашите планови.
Со над 50 професионалци и модерни печатарски машини, ви гарантираме беспрекорен печат, од концепт до финален производ.
Нашите услуги
Од идеја и графичко решение до готов производ - се на едно место. Нашиот искусен и стручен тим ги нуди следните услуги:
ИДЕЈА И ПОНУДА
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.