Дигиталниот печат е совршено решение за мали тиражи, персонализирани нарачки и печатење на различни површини. Оваа технологија овозможува брзина, квалитет и прилагодливост без потреба од дополнителна подготовка, што ја прави идеална за флексибилно производство.
Потполна персонализација
Секој дизајн може да се прилагоди на вашите барања – без минимална количина на нарачка!
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога ви е потребна прецизност и разноликост. Печатиме на различни материјали, како хартија, текстил, пластика, дрво, магнетни фолии и камени површини. Без разлика дали ви требаат флаери, визит-картички, етикети, персонализирани промотивни материјали или уникатни предмети, со дигиталниот печат добивате брз и квалитетен производ.
Со оваа напредна технологија, можеме да испорачаме резултати со извонреден колоритет и детали, без ограничувања во минималниот тираж. Без разлика дали станува збор за еден примерок или неколку стотини, дигиталниот печат ви овозможува креативна слобода и брза реализација!
Нашите услуги
Од идеја и графичко решение до готов производ - се на едно место. Нашиот искусен и стручен тим ги нуди следните услуги:
ИДЕЈА И ПОНУДА
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.