Премиум финиш – кога обичниот печат не е доволен
Ова е идеално решение за сите кои сакаат да постигнат „wow-ефект“ со каталози, корици на книги, списанија, амбалажи, покани, визит-карти и корпоративни подароци.
Што нуди оваа напредна технологија?
Применето само на одредени делови од дизајнот (на пример: лого, текст, елементи во позадина), лакирањето создава контраст меѓу мат површината и сјајниот детаљ. Резултатот е префинет и елегантен изглед кој привлекува поглед и остава впечаток на прецизност.
• 3D лакирање / Текстуален ефект
За разлика од стандардниот сјај, 3D лакирањето создава физички подигнат слој кој се чувствува под прстите. Овој релјеф додава длабочина, луксуз и уникатно чувство при ракување со производот.
• Металик фолии (Gold, Silver, Red, Blue...)
Со помош на дигитално нанесување фолија, можеме да додадеме сјајни метални ефекти. Ефектот е модерен, богат и одличен за брендирани материјали, покани, премиум пакување и ексклузивни изданија.
Предности на овој начин на печат и доработка
- Импресивен визуелен ефект – што веднаш привлекува внимание
- Тактилно искуство – корисникот не само што гледа, туку и чувствува
- Совршено за луксузни брендови и ексклузивни материјали
- Погоден за мали и средни тиражи без екстра трошоци
- Идеален за маркетинг, промоции, покани, настани, пакување, книги
Типови материјали што се погодни за ваква доработка:
Оставете траен впечаток
Нашите услуги
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим од дизајнери е тука да ви понуди идејно графичко решение и да ви изработи техничка подготовка на решението што сте го одбрале за печат.
Нашиот тим од искусни печатари е тука за да го извлече најдобриот печат и да ви даде врвен колоритет на вашиот производ
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.
