„The printing press is the greatest weapon in the armory of the modern commander“
Thomas Edward Lawrence
ВИСОКА ПРЕЦИЗНОСТ И КВАЛИТЕТ
Високотиражен печат со беспрекорен квалитет
Офсет технологијата овозможува печатење во големи количини со совршена репродукција на бои и детали.
Разновидни материјали за печатење
Печатиме на различни површини, вклучувајќи хартија, картон, пластика, метализирани фолии и специјални материјали.
Прецизна репродукција на бои
Со CMYK и Pantone бои, гарантираме максимална конзистентност и висококвалитетен визуелен ефект.
Различни формати и завршни обработки
Нудиме ламинација, УВ-лак, златотис, сребротис, втиснување и повеќе – за премиум изглед на вашите печатени материјали.
Branded Portable Power Bank
Благодарение на модерната технологија, ги оптимизираме производните процеси за брза и навремена испорака на вашите нарачки.
- Ул. 1550 бр. 52 Визбегово
ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ВИСОК КВАЛИТЕТ
Брзо и флексибилно печатење
Дигиталниот печат овозможува печатење на барање, идеално за мали и средни тиражи без дополнителни подготовки.
Персонализирани решенија
Можност за индивидуализиран печат – совршено за визит-картички, покани, етикети, каталози и рекламни материјали.
Печатење на различни материјали
Покрај хартија и картон, дигиталниот печат овозможува печатење на текстил, пластика, метализирани фолии и други површини.
Беспрекорна репродукција на детали и бои
Прецизна резолуција и богати бои, совршени за слики, графики и комплексни дизајни.
Експресна испорака и економично производство
Без потреба од големи подготовки, дигиталниот печат овозможува побрз процес и испорака со оптимизирани трошоци.
- Ул. 1550 бр. 52 Визбегово
За Нас
Нашето мото е - НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО! Нудиме комплетно графичко решение за вашите потреби - од осмислување на изгледот на вашиот производ, техничко уредување и подготовка за печат - до готов производ. Производствениот процес се одвива на сопствен објект од 2.500 метри квадратни, со тим од 50 искусни професионалци.
Техниката на печатење е офсет и дигитална. Материјалите на кои се печати се разновидни. Дури и малите тиражи повеќе не се проблем - за клиентите со мали тиражи отворивме дигитален сектор. Како општествено одговорна фирма, Датапонс се залага за што помал јаглероден отпечаток и превзема конкретни мерки за тоа. Сета отпадна хартија што се јавува во производниот процес, се складира и се носи на рециклирање. Алуминиумските плочи што се користат како дел од производството исто така се превземаат и се преработуваат. Печатницата има инвестирано во фотоволтаична централа на самиот објект за производство на електрична енергија од обновливи извори (сончеви).
Освен што држи значителен дел од македонскиот пазар, Датапонс е и извозно-ориентирана компанија, со клиенти и соработници во регионот (Косово, Албанија, Србија, Словевенија), како и Холандија и Австрија. Иднината ја гледаме во проширување на соработката со останати европски земји. Ќе продолжиме да се усовршуваме и да ги слушаме потребите на клиентите.
Заедно чекориме напред!
30+ Години
Нашиот тим на експерти
Наши клиенти






























