Со офсет печатот добивате економично и квалитетно решение за големи тиражи, со совршен баланс помеѓу деталноста, боите и издржливоста. Вашиот проект е во сигурни раце – подготвен за печат со врвен квалитет!
Офсет печат
Офсет технологијата овозможува извонредна прецизност и остри линии за врвен финален изглед.
Боите се интензивни, постојани и отпорни на избледување, гарантирајќи квалитетен изглед на секој отпечатен материјал.
Со нашата модерна опрема, можеме да испечатиме стотици илјади примероци месечно, одржувајќи висок квалитет и ефикасност.
Нашиот печат ги исполнува највисоките стандарди, а задоволството на клиентите е наша најголема мотивација.
Нашите услуги
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим од дизајнери е тука да ви понуди идејно графичко решение и да ви изработи техничка подготовка на решението што сте го одбрале за печат.
Нашиот тим од искусни печатари е тука за да го извлече најдобриот печат и да ви даде врвен колоритет на вашиот производ
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.
