Дигитален печат
Хартија, текстил, пластика, дрво, магнетни фолии – вашите идеи немаат ограничувања!
Дигиталната технологија гарантира јасен текст, интензивни бои и врвен завршен ефект.
Совршено решение за итни проекти и персонализирани мали тиражи.
Секој дизајн може да се прилагоди на вашите барања – без минимална количина на нарачка!
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога ви е потребна прецизност и разноликост. Печатиме на различни материјали, како хартија, текстил, пластика, дрво, магнетни фолии и камени површини. Без разлика дали ви требаат флаери, визит-картички, етикети, персонализирани промотивни материјали или уникатни предмети, со дигиталниот печат добивате брз и квалитетен производ.
Со оваа напредна технологија, можеме да испорачаме резултати со извонреден колоритет и детали, без ограничувања во минималниот тираж. Без разлика дали станува збор за еден примерок или неколку стотини, дигиталниот печат ви овозможува креативна слобода и брза реализација!
Нашите услуги
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим од дизајнери е тука да ви понуди идејно графичко решение и да ви изработи техничка подготовка на решението што сте го одбрале за печат.
Нашиот тим од искусни печатари е тука за да го извлече најдобриот печат и да ви даде врвен колоритет на вашиот производ
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.
