Нудиме разновидни формати, од флаери, брошури, каталози и книги, до постери и пакувања. Можете да изберете хартија со различна текстура и дебелина, како мат или сјајна хартија, еко-хартија, или специјализирани материјали. Со нашата офсет и дигитална технологија, секој ваш проект добива прецизност и совршен завршен изглед.
Вашата идеја е наша мисија – од првиот концепт до финалниот отпечатен производ, работиме со вас на секој чекор за да го обезбедиме најдобриот дизајн, висококвалитетен печат и беспрекорна завршна обработка. Нашата цел е да го претвориме вашиот проект во вистинско ремек-дело, со внимание на секој детаљ и максимална посветеност. Заедно до совршен резултат!
Идеја и понуда
Нашиот комерцијален тим ви нуди професионална поддршка и консултации за секој чекор од вашиот проект. Од избор на формат и материјал до препорака за најсоодветниот тип на печат, ние ќе ви помогнеме да го реализирате вашето визуелно замислување во висококвалитетен производ.
Нашиот тим од над 50 експерти ја комбинира традицијата со најновите технологии за да ви обезбеди печатење со врвен квалитет.
Нашите услуги
Од идеја и графичко решение до готов производ - се на едно место. Нашиот искусен и стручен тим ги нуди следните услуги:
ИДЕЈА И ПОНУДА
Нашиот комерцијален тим е тука да ви даде идеја, најоптимална понуда и да ви помогне да го изберете соодветниот формат, материјал и тип на печатен производ за вашиот проект.
Нашиот тим за дигитален печат е тука за вас кога имате потреба од печатење на мал тираж или печатење на предмети од разни материјали (текстил/дрво/пластика)
Нашиот тим за доработка е тука за да го однесе вашиот производ во конечна фаза за изработка. Опремен со графички машини за изработка на широк спектар на производи.